Црвено жолтите со пораз тргнаа во серијата од три пријателски средби на кои се бара подгигнување на формата за претстојниот бараж двомеч со Шведска од кој се патува на завршницата од Светското првенство во Германанија на крајот од годинава. Македонија попладнево загуби од Русија со 35-26 со тоа што избраничките на Симе Симовски во ниту еден момент не беа рамноправни со поранешниот планетарен првак кој уште на полувремето водеше со 21-14.
Утре во Анталија играме со Литванија, а на крајот од турнирот в сабота се среќаваме со домаќинот Турција, по што од понеделник во Скопје продолжуваме со тренинзи. Следната сабота во Скопје играме со Шведска, а три дена подоцна гостуваме. Севкупниот победник оди на Светскиот шампионат.