Најмалку 51 лице загина во поројните поплави што го зафатија југоисточниот дел на Шпанија, јавуваат државната телевизија TVE и Ројтерс
Неколку часа претходно, гувернерот на автономната област Валенсија изјави дека се пронајдени тела, но не го прецизираше бројот „од почит кон семејствата“.
Обилните дождови предизвикани од студениот фронт кој се движи низ јужните и источните делови на земјата вчера ги поплавија патиштата и градовите. Поради оваа причина, властите во најтешко погодените области ги советуваа граѓаните да останат дома и да не патуваат освен ако е апсолутно неопходно.