На 20 километри пат од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри се наоѓа еден од најпознатите зимски туристички центри – преубавата Пониква.
Осоговските Планини се еден од пределите на нашите простори што можат да се пофалат со епитетот вистински еколошки и чист крај. Чистиот воздух и во лето и во зима дејствува како еликсир за белите дробови.


Во предел со густа букова шума и разновидна вегетација со уредените скијачки, но и пешачки патеки, тоа е едно од најпосетените места во Осоговијата. Зимските денови во Осоговијата секоја година се сврзани со дебели слоеви снег.

Велат дека на планините, што просечно се повисоки од 1.500 метри, снегот се задржува по речиси шест месеци во годината, а честопати повеќе месеци се задржува снежна покривка од барем триесетина сантиметри.
Љубителите на природата овде ќе можат да уживаат и во берење на разновидни чаеви или, пак, печурки