Средовечна жена од Европа решила да го следи примерот на жените во Јапонија кои следат една стара традиција, и еден месец наутро пиела вода на празен стомак. Ја интересирало што ќе се случи и дали навистина дејствува, дали навистина се добива поубав тен и повитка фигура. Водата ја пиела веднаш по будењето.
Ова се нејзините совети:
– Испијте две до три чаши вода веднаш по будењето, на празен стомак и пред да си ги измиете забите. Ако ви е тешко да испиете толку многу вода. Почнете со една чаша, па потоа пијте повеќе сѐ додека не стигнете до три.
– Следните 45 минути не јадете ништо.
– Не јадете и не пијте ништо два часа по појадокот, ручекот и вечерата


А ова се промените кои се случиле кај неа:
Се чувствувала посвежо и поздраво
Неколку дена откако почнала со пиењето вода по будењето, почнала да се чувствува некако полесно. Вели дека почувствувала дека телото побрзо ѝ се ослободува од токсините.
Ѝ се забрзал метаболизмот.
Престанала да чувствува глад на секој час. Престанала желбата за грицки меѓу оброците и почувстувала дека има повеќе енергија.
Го изгубила вишокот килограми
Бидејќи не чувствувала глад како порано, јадела сѐ помалку и без многу маки се ослободила од вишокот килограми. Исто така, бидејќи имала повеќе енергија, почнала и да вежба.

Пред утринското пиење вода, страдала од лошо варење и од рефлукс. Сето тоа го снемало. Го снемало и чувството на непријатност по секој оброк.
Кожата почнала да ѝ изгледа сѐ поубаво.
Порано луѓето ѝ зборувале дека изгледа премногу старо за своите години. Сега има помалку брчки налицето, кожата ѝ изгледа здраво и блескаво, па автоматски изгледа помлада. И косата ѝ е сѐ поубава и поздрава.

Според нејзините кажувања, третманот со вода и помогнал во лекувањето на уринарните инфекции. Веќе не чувствува пецкање додека мокри.
Ѝ зајакнал имунитетот