Помало производството на струја во јануари

Бруто-производството на електрична енергија во Македонија опадна за 29,4 проценти на 510,025 MWh во јануари, покажуваат прелиминарните податоци.

Најголем дел од бруто домашното производство на електрична енергија го остварија  термоелектраните, кои генерираа 266.838 MWh, што е за 27,3% помалку во однос на јануари 2017 година.

Комбинираните постројки за топлина и за електрична енергија учествуваа со производство на 116.144 MWh во првиот месец од годината, што претставува пад од 31.8  отсто во споредба со истиот месец од 2017 година.

Хидроелектраните генерираа 113,409 MWh, што претставува намалување за 33,1 проценти на годишно ниво.

Опаѓање на производството за 34.7 отсто има и кај производство на струја од ветерниците и изнесува  7,355 MWh.

Увозот на електрична енергија во Македонија се зголеми за 7,1 проценти на 258,400 MWh во јануари, додека извозот на електрична енергија се намали на 4.917 MWh од 49.653 MWh минатата година.