Владата ги скрати парите за автопатските делници од Коридор 8 и Коридор 10Д од предвидените 250 милиони на само 67 милиони евра.
Ова значи дека толку пари ќе добие Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор во останатиот дел од годината за изградбата на делниците Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола со измената на Програмата за финансирање.
Во точката во која се прикажува вкупниот износ за годинешното финансирање на проектот, износот 15.100.000.000, се заменува со износот 4.100.000.000 денари. Засега не е познато дали американско-турскиот изведувач во текот на оваа година добил извесна сума од минатогопдишната програма, кога за оваа намена на ЈП „Државни патишта“ му беа префрлени вкупно 250 милиони евра.
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ добил исплата на само еден аванс минатата година од државата. Ова го пишува во ревизорскиот извештрај на ЈП Државни патишта за 2023, каде стои дека изведувачот на автопатиштата од проектот Коридор 8 и Коридор 10Д бил исплатен само со почетен аванс од 50 милиони евра, односно 3,074,750 денари. Останатите пари од оние околу 250 милиони евра што Министерството за транспорт и врски тогаш му ги исплаќаше на „Државни патишта“ за овој проект, останале на сметката на јавното претпријатие без да се префрлат кај „Бехтел и Енка“.
Извор: https://faktor.mk/vladata-gi-skrati-parite-za-behtel-i-enka-od-250-na-67-milioni-evra