Скопската полиција синоќа заплени 2 тони мобилни телефони од моделите iPhone и Samsung, дознава Сител од полициски извори.
Од полицијата засега нема информација каде е направена заплената ниту пак кој ги донел овие телефони во Македонија.
Извор на Сител тврди дека случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител и кај мобилната Царина.
Упатени во бизнисот со мобилни телефони за Сител велат дека 2 тони товар со мобилни телефони се околу 5.000 апарати заедно со се’ амбалажата.
Ако просечната продажна цена се заокружи на 1.000 евра станува збор за заплена од 5 милиони евра.