Полицијата едвај ги смирила гостите кои се степале на македонска свадба

Масовната тепачка на македонска венчавка во Австралија сепак завршила со хепиенд. Невестата и младоженецот по свадбата заминале на меден месец со силни емоции.

Венчавката меѓу Метју Карионе и Ребека Бечваровска морала да биде под контрола на полицијата откако се случила групна тепачка помеѓу гостите – пишуваат австралиските медиуми.

На свадбата во Сиднеј биле поканети 200 гости, а еден од нив започнал да ги фаќа дамите за задниците. Кога тоа го сторил на девојката на кумот, ситуацијата екслирала и започнала тепачката.

Мајката на невестата, Зорица, за весникот „Дејли Телеграф“ изјавила дека младите не дозволиле тепачката да ја уништи нивната свадба, а тие среќни заминале на меден месец“.