Политички партнер на СДСМ и Ковачевски има само 5 лајка за 3 дена

Партнер на СДСМ и лидерот Димитар Ковачевски со кого тој потпиша договор за соработка на изборите собрал цели 5 лајка за 3 дена на статус на Фејсбук.

Лидерот на формално непостоечкото движење за Нова Република, Ивон Величковски, на објавената вест за соработка со СДСМ има само 23 лајка од луѓе меѓу кои има и членови и симпатизери на партијата на Ковачевски.

На објавено интервју со Величковски има фантастични 5 лајка што е неверојатно за едно движење кое сака да биде партија.

Бројот од 5 лајкови покажува дека ниту членовите на поширокото семејство на основачот односно иницијаторот на движењето не стават лајк.

Откако не успеал да регистрира партија затоа што не собрал 1000 потписник Величковски сега како приватно лице е дел од коалицијата на СДСМ.

Најчитани статии

Тимот на Трпчески може да се снајде во секаква ситуација

Кој си знае, си знае: Маестро Симон ја изненади публиката за 1 Април (ВИДЕО)