Ова му го рекол претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кој денеска е во посета на нашава земја. Во текот на разговорот била опфатена лепеза прашање од областа на безбедноста, заканата од тероризам и соработна на службите на двете земји со цел преземање на заеднички акции и изнаоѓањето на ефективни средства. Но одново за нас најважен е делот со евентуалното забрзување на нашиот прием во Евро-Атланската организација.
“По решението на политичката криза време е да се создаде нов поттик за членството на Република Македонија во НАТО. Како и досега, ја очекуваме вашата отворена и гласна поддршка”, му рекол Иванов на Чавушоглу.
“Македонија високо ја вреднува поддршката од Турција за употребата на уставното имe на Република Македонија и интеграцијата на земјата во НАТО”, се вели во соопштението на кабинетот на претседателот Иванов за средбата во Скопје.