Англиската писателка Сузан Мур објави статија во која сумирала дел од своите богати искуства кои имале долготрајни импликации врз нејзиниот живот и кариерата. Станува збор за мали комуникациски вештини кои се секојдневие и кои нејзе, а може и вам, да ви го променат животот.
Еве ги сите куси дијалози кои во животот на 65 годишната поранешна новинарка од Ипсвич одиграле клучна улога со акцент секако, на поканата за кафе затоа што, тврди Мур, од неа или попрецизно од одговорот, најчесто започнува се. Писателката во обемната статија посочува шест кратки прашања од кои, во продолжение, зависат љубовта, бракот, егзистенцијата, работата, животот.

Еве ги запамтете ги:

“Ќе сакаш ли да испиеме едно кафе заедно”

“Дали може да го добијам твојот телефонски број”

“Може ли да разговараме за мојата плата”

“Може ли да те замолам за услуга”

“Можам ли да добијам попуст”

“Дали може да пишувам за вас”