Откако Тетекс вчера стана прв четвртфиналист во второто клупско натпреварување овде, денеска дознавме уште шест клуба за новиот круг во фудбалскиот Куп на Македонија. Тоа се: Академија Пандев по убедливите 5-0 со Силекс, Пелистер кој одново беше подобар од Борец со 3-1, Скопје со втора победа со Еуромилк од 3-0, Победа која ја декласираше Брегалница со 5-1, Шкендија по изведувањето пенали со Работнички, 4-3 и Ренова која оствари доволни 2-2 кај Струга. Осмиот тим ќе го почекаме поради обврските на Вардар кој треба да игра со Шкупи.