ПСЖ и Баерн се првите две екипи што сигурно ќе играат и по тековната групна фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Париските „светци“ дојдоа до нова четврта победа во ист број на средби во својата Б конкуренција и имаат незапамтено висока гол разлика од 17-0, а Баварците акумилираа 9 бодови, но се недостижни на второто место во истата група за преостанатите два тима. На праг на осмина финалето се и Манчестер Јунајтед кој дојде до 12 бодови, Барселона која има 10, Рома со 8, па и Јувентус со седум, но за нивните противници се уште има шанси иако тие негде, како во првата група каде убедливо водат „Црвените ѓаволи“, се само теорија. Што се однесува до единствениот македонски фудбалер, Стефан Ристовски, тој со Спортинг Лисабон дома одигра нерешено со Јувентус, но тоа ги оддалечи од осминафиналето.
Еве ги сите резултати и актуелни табела.
ГРУПА А:
Манчестер Јунајтед – Бенфика 2-0 и Базел – ЦСКА Москва 1-2
Табела: Манчестер 12, Базел 6, ЦСКА 6, Бенфика 0.
ГРУПА Б:
ПСЖ – Андерлехт 5-0 и Селтик – Баерн 1-2.
Табела: ПСЖ 12, Баерн 9, Селтик 3, Андерлехт 0.
ГРУПА Ц:
Рома – Челси 3-0 и Атлетико Мадрид – Карабах 1-1
Табела: Рома 8, Челси 7, Атлетико 3., Карабах 2.
ГРУПА Д:
Спортинг – Јувентус 1-1 и Олимпијакос – Барселона 0-0.
Табела: Барселона 10, Јувентус 7, Спортинг 4, Олимпијакос 0.