Имиџот на Халкбанка е злоупотребена во обид за масовна банкарска измама на граѓани, објавува профилот Спировски на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.
Експертот за ,,Сајбербезбедност” открива дека во новата активна измама се испраќаат SMS пораки кои ја имитираат Халкбанка. Измамата се прави со злоупотреба на сличноста на латиничното мало Л со големо И.
,,Се обидуваат да украдат матични броеви. Со ваш телефонски број и ЕМБГ може лесно да лажат дека се Халкбанка”, пишува Спировски кој апелира граѓаните да прочитааат споделат и да предупредат.
Измамата се базира на сличноста меѓу l и I (првото е мало Л, второто големо И).
Ако не се внимава, линкот изгледа сосема легитимен, пишува Спировски кој сугерира да се спореди висината на малото Л во Halkpay и големото И во haIkpay при што едното е малку пониско поставено.
,,Пораката имплицира итност “брзо активирајте”.
Секако, новиот домен со И е регистриран овој месец, и води на релативно лоша копија на страна на ХалкБанка.
Анализаторот на домен препознава дека големото И е сепак И (чита букви, не визуелен приказ на буквите) што е предност на компјутерите во овој случај”, пишува Спировски според кого ниеден линк на лажната страна не работи.
,,Како втора заштита од измама, ако помислите дека сте добиле валидна порака, кога ќе отворите страна, кликнете на линковите.
Ако ништо не работи, страната е лажна.
Страната полна со нелогичности
– нејасна порака “започни соработка” – за што? за продавање круши?
– бара ЕМБГ и некаков “псевдо број” на картичка (такво нешто нема”, анализира експертот кој укажува дека ниедна банка не смее да ви побара да се најавите со ЕМБГ, има многу други начини да ве автентицира.
,,Ако внесете ЕМБГ (нпр 1111111111111), страната се обидува нешто да валидира, но заглавува.
Претпоставувам дека ако внесете вистински ЕМБГ ќе продолжи измамата.
Со валиден ЕМБГ и ваш телефон ќе ви се јават како Халкбанка да ве измамат или да земат кредит во ваше име.
Да повториме
– Никогаш не верувајте на неочекувани пораки
– Не кликајте на линк од пораки, не се јавувајте на телефон од пораки.
– Јавете се на официјален број на институција да проверите.
– ЕМБГ НЕ СЕ КОРИСТИ ЗА НАЈАВА”, пишува Спировски.