Во село Чемерско, општина Кавадарци, избувна пожар во дом застари лица.
„Нема жртва, тоа е најбитно. Приоритет беше да се извлечат на безбедно сите лица што престојуваат во домот. Имаме пратено два минибуса, пет амбулантни возила и ќе се транспортираат сите до Општа болница Кавадарци, од каде што семејствата ќе можат да си ги земат, истакна градоначалникот“, соопшти градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
На терен се 10 пожарникари со три противпожарни возила и интервенираат.
Н терен има уште три медицински тима и две полициски коли со осум полицајци.
Во меѓувреме се евакуираат 30 лица кои се сместени во старечкиот дом со две мини возила (минибуси), се додава во известувањето.