Подгответе се за цветањето на липите

Голем дел од вегетацијата што не опкружува и што вирее на овој простор веќе расцвета и им создаде проблеми на луѓето што имаат проблем со алегриите од полен. Со оглед на тоа дека таа бројка е огромна, а и се повеќе се зголемува, од лекарите алерголози стасува предупредување дека препишаната терапија мора да се користи, а особено во периодот што доаѓа кога липите ќе расцветаат.
Липата има 46 врсти и барем 4 од нив се присутни во Македонија во која практично и не постои област на кој ја нема. Нејзиното цветање кое е проследено со многу цвет, со силен мирис и иритација на дишните органи, се очекува за десетина дена.