Победнички хет-трик на македонските кошаркарски надежи на ЕП (Б) во Скопје, преслушана и Чешка

По победите над Ирска и против Босна и Херцеговина, машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години ја совлада и Чешка со 94:86, по четвртини 27:27, 32:22, 13:19 и 22:18, па пред дуелите со аутсајдерот Кипар на 30 јули и со Украина наредниот ден се на прагот на четвртфиналето на Европското првенство од дивизијата Б во Скопје.

Меѓу избраниците на селекторот Горан Андреевски во СРЦ „Кале“ се издвоија Никола Јаничиќ со 25 поени и по 5 скока и асистенции, потоа Стефан Стојковиќ со 20 (8/8 за два), Коста Кириловски запиша дабл-дабл од 14 поени и 10 скока, а Марко Луканоски на 16 поени додаде 9 скока.