На 2 август, на Илинден, премиерот Христијан Мицкоски прогласи едностран мораториум за разговори за теми кои создаваат тензија и се злоупотребуваат етничките прашања.
Тој ги повика сите субјекти да разговараат за она што е вистински важно за сите граѓани – економијата, владеењето на правото, образованието, иновациите кои носат иднина…
Имам чувство дека сега е вистинскиот момент овој мораториум да се обнови и уште еднаш да се нагласи одлучноста на ВМРО-ДПМНЕ да не се впушта во такви дебати и во експлозивни реакции на националистичката реторика која доаѓа од разни страни.
За владата предводена од оваа партија, воздржаноста значи јакнење на довербата помеѓу коалициските партнери и повисоко ниво на стабилност на извршната власт.
За Македонија тоа е шанса за мир, напредок и реформи. За самата ВМРО-ДПМНЕ, пак, тоа е матурски испит во политиката.
Сигурен сум дека едностраниот мораториум ќе ги намали тензиите во политичката дебата, без оглед што и во редовите на владејачките партии има поединци кои се обидуваат да се факторизираат со националистичка реторика.
Дебатата заснована на таква реторика, едноставно, мора да се напушти.
Попаметен не е тој што попушта. Попаметен е тој што напушта.
Оргиналната колумна на Бранко Героски за Плусинфо на следниот линк: