Победникот на синожешниот Избор за песна за Евровизија, Швајцарецот Немо радувајќи се на победата го скрши трофејот.

На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа моментот кога трофејот во форма на микрофот се распаѓа на два дела.

Тоа се случи само неколку мигови откако го доби евровизискиот трофеј.

Притоа тој се пожали дека си го исече палецот.

„Го скршивтрофејот и си го скршив трофејот. Можеби трофејот може да се поправи, а можеби и на Евровизија ѝ требаат поправки“ – рече Швајцарецот во прес-конференцијата по победата.

Немо победи благодарение на гласовите на стручните жирија, хрватскиот претставник Бејби Лазања имаше повеќе гласови од публиката, но не успеа да го престигне Швајцарецот.

на социјалните мрежи се појавија коментари спорд кои, Немо и не го заслужил првото место….