Математиката е пристутна и во спортот, а практично и тука најдобро се гледа дека егзактна наука. По Ф-4 од ракометната ЛШ и триумфот на Вардар бројките не лажат, а калкулаторот не остава никаква дилема кој е најдобар ракометен клуб на светот.

Вардар низ сезоната постојано беше меѓу водечките кандидати за титулата. Во групната фаза имаше 10 победи со 4 порази, и го освои првото место во групата Б каде, ве потесуваме,  зад себе ги остави Европскиот првак Киелце, Пик Сегет и Рајн Некар. Во тој дел Барселона (12-1-1) и ПСЖ (12-0-2) беа подобри со повеќе победи и гол разлика, но кога започна елиминацискиот дел Вардар не запре. Два триумфа со Флензбург, и два во Келн против Барса и ПСЖ, што е единствена таква низа. Патем, за да нема одново никаква недоумица, Вардар сезонава ги победуваше сите три прваци од претходните три години. Кеилце во групата, Флензбург пред фајнал форот и Барселона на него.