Првиот министер за надворешни работи на Македонија Денко Малески интензивно почна да зборува и да пишува само за Македонија откако предходно од Преспанскиот договор не запре да ја промовира Северна во секоја прилика.
Професорот што пред 3 месеци ја обвини претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека почнала војна со Грција затоа што во имаугурацијата не кажа северна сега без срам зборува за Македонија без северна.
Во својата најнова колумна Малески кој освен што кажа дека македонскиот и бугарскиот народ биле едно исто постојано инсистираше на употреба на северна за сега за него и во насловот да стои само Македонија.
,,Во моментот кога повторувајќи ги зборовите на заклетвата кажани од претседателот на собранието одби да го употреби новото уставно име на државата, таа, така да се изразам, ѝ објави војна на Грција”, реагираше поранешниот министер за надворешни работи Денко малески за инагурацијата на Гордана Силјановска-Давкова во Собранието.
„Со својата постапка таа му ги скрши стаклените нозе на Преспанскиот договор на најважната точка за соседите – прашањето за името на нашата држава (the name issue), тема со која се занимавме четврт век и која нѐ закочи во евроинтеграциите во златните години на ЕЗ и ЕУ. Следи грчка реакција која, како и секогаш, најдиректно граѓаните ќе ја почувствуваат на граничните премини, а владата во влошените меѓудржавни односи со Грција”, напиша Малески кој за сто дена речиси заборави на северна.