Вкусна пита од јагоди идеална за летниот период.
За питата:
– 200 гр. Екстра бело брашно тип 400
– 2 лажички шеќер
– 1 лажичка сол
– 100 мл. масло
– 2 лажици млеко
За Филот:
– 4 чаши јагоди
– 1 чаша шеќер
– 3 лажици пченкарно брашно
– 160мл. вода
Постапка на приготвување:
Се загрева рерната на 200 степени. Се мешаат сите состојки за питата додека да се добие хомогена смеса. Се истура смесата во округло тавче и се лепи на дното и по зидовите на тавчето.
Дното на тестото се боцка со вилушка неколку пати. Тестото се пече 15 минути во загреана рерна.
Наредете ги половина од јагодите внатре во испеченото тесто. Другата половина испасирајте ја со вилушка и помешајте ги со шеќер во мало тенџере. Загрејте ги на среден оган додека да зовријат.
Помешајте пченкарно брашно и вода. Постепено додавајте ја оваа смеса во смесата со јагоди и постојано мешајте. Намалете ја јачината на ринглата и варете ја смесата 10 минути додека да згусне.
Истурете ја оваа смеса врз јагодите наредени во питата. Оставете ја питата да се излади пред да ја послужите.