Пилотска грешка го урнала рускиот авион во декември во Црно Море

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека пилотот на леталото Тупољев-154, направил грешки во серија и дека тоа е причина за падот на авинот во кој загинаа сите 92 патника и членови на екипажот. Меѓу нив се наоѓаа и 64 члена на прочуениот воен ансамбл Александров и 9 новинари.

Истрагата во која учествуваа експерти од повеќе области, од Министерството за одбрана на Русија, од концернот Тупољев и од меѓународната авијациски комитет, утврдила дека пилотот на авионот доживеал нарушување на просторното ориентирање, во превод загубил свесност. Комисијата утврдила дека тоа е главната причина за падот на авионот во Црното море