Ова е само една од неколкуте верзии на подготовка на брзо пилешко, кои ги подготвуваме дома. Одлично е во комбинација со пире, со ориз, и со какви било тестенини.

Потребни состојки:
-400 гр. пилешки гради
-2 супени лажици маслиново масло
-1 главица кромид
-2-3 листови сланина
-250 гр свежи шампињони
-30 гр бело брашно
-1 супена лажица сенф
-250 мг коцка за супа
-150 мл павлака за готвење
-1/3 китка магдонос

Начин на подготовка:
Загрејте го маслото во поголемо тавче за пржење и ставете го месото. Пржете со постојано мешање околу 5 минути или додека парчињата месо не фатат малку боја. Префрлете го месото во друг сад. Во истото тавче ставете ги кромидот и сланината да се пржат. Кога кромидот ќе омекне, додадете ги печурките и пржете ги додека не бидат карамелизирани.

Вратете го месото и затворете ја тавата со капак. Оставете да врие на ниска температура околу 15 минути или додека пилешкото не омекне. На крајот додадете ја павлаката за готвење. Оставете да се загрее, но не да зоврие (околу 3 минути), а потоа тргнете го тавчето од оган, зачинете го по желба, додадете го магдоносот и послужете.