Дефанзивецот на Барселона и шпанската фудбалска репрезентација и колумбиската музичка супер ѕвезда се во врска од 2010. година, а живеат заедно од 2011. Тие имаат и две деца, Милан (4 години) и Саша (2 години), но дури летово ќе прават свадбена церемонија. Пике деновиве ја побарал Шакира за сопруга, таа се сложила, па венчавката ќе се одржи летово во Колумбија. За сега нема точен датум за свадбата.
Шакира во меѓувреме одговори на пишувањата во Аргентина дека има многу лоши односи со сопругата на Лионел Меси, Антоанела Ракуцо и истите остро ги демантира. Ние сме сосема добри, а и нашите момци се одлични пријатели веќе 15 години. Често се гледаме и навистина не знам од каде вакви приказни.