Долго важаше за еден од најпосакуваните ергени на Балканот, а сега се соживеал и ужива во улогата на татко па нецела година по раѓањето на ќеркичката Софија, со задоволство објави дека чека второ дете. Владо Георгиев, како и во своите песни, а дел се огромни хитови на поширокиот простор на поранешна Југославија, е романтичен и кога станува збор за врската со Милица и за своето дете.
”Се снајдов светски во улогата на татко. Уживам да бидам со Софија затоа што, настрана приказните, ова е нешто сосема друго. Никогаш не сум почувствувал вакво нешто и да не го видев ќе бев хендикепира”, вели Георгиев кој пред една недела наполни 41. Година.
Српскиот пејач роден во Дубровник, а со семејно потекло од Херцег Нови кој славата ја постигна со трита албуми Навика (2001. година), Жена без име (2003. година) и Далечина (2013. година), и плус неколкуте синглови е во врска со 14 години помладата Милица Самарџија, но статусот им е се уште само двојка, а не сопружници.