За подготовка на печена риба во фолија, која претставува брз, вкусен и здрав оброк, потребни ви се следните состојки:
-800 гр свежа бела риба (ослич, лист, зубатац, клен)
-1 китка магдонос
-копар
-масло
-сол
-лимон
-2 лажички вегета
Подготовка:
Исчистете ја рибата, измијте ја и исечете на парчиња, секое по околу 200 грама. Посолете, ставете бибер, сок од лимон и вегета. Ставете ги на фолија премачкана со маслиново масло. Одозгора посипете со сечкан магдонос и копар, и на секое парче ставете парче лимон. Потоа, завиткајте ја фолијата, ставете во сад за печење и печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час. Потоа, одвиткајте ја фолијата и сервирајте ја рибата со компир салата и брокула.