Петте кругови повторно во ЛА и Париз

Интернационалниот олимписки комитет донесе одлука Париз и Лос Анџелес да бидат домаќини на Летните Олимписки игри во 2024 односно во 2028 година. Изненадување нема зошто другите кандидати испаднаа претходно, па Градот на светлината по трет пат ќе ги собере најдобрите спортисти на планетата за седум години. Претходно Париз беше домаќин на ЛОИ во 1900 и 1924 година.

Случајот на американскиот мегалополис на западниот брег е потполно ист со тоа што во случајот на Лос Анџелес тоа беа годините 1932 и 1984. До сега три пати домаќин бил само Лондон, а во редот на оние што два пати биле центар на спортскиот свет е и Токио во кое за три години се одржуваат 32. Летни Олимписки игри.