Тавче-гравче е еден од традиционалните македонски јадења . Се подготвува од свеж македонски грав , еден од прочуените е тетовскиот грав.
Состојки
грав
кромид
масло
сол, црвен пипер,црн бибер , магдонос и сува црвена пиперка
Гравот прво добро се чисти, се потопува да лежи во ладна вода најмалку три часа за да омекне, потоа се мие и се вари во лонец. По првото вриење водата се истура , па се става нова вода.
Во втората вода се додава дел од кромидот и црниот пипер, а може и неколку парчиња ловоров лист. Посебно во тавче запржуваме кромид заедно со црвен пипер. Сувата пиперка можеме да ја запржиме заедно со кромидот, а може и посебно.
После 90-тина минути колку што му се потребни на гравот да се свари, му го додаваме запржениот кромид и пиперката и добро промешуваме. Потоа содржината се става во земјен сад и се пече на температура околу 220 степени сè додека не запече одозгора.