Најмалку пет лица беа избодени со нож на последниот ден од карневалот на афро-карибите во лондонскиот кварт Нотинг Хил, пренесе АФП.

Состојбата на две од жртвите се оценува како критична.

Во двата дена на празникот повредени се вкупно осум лица. Дополнително, на двајца учесници им биле констатирани рани, а евидентиран е и случај на напад со киселина.

За време на настанот беа повредени и околу 50 полицајци.

Карневалот го обезбедуваа 7 илјади службеници на редот.

За време на карневалот на 26 август беа приведени 230 лица од кои беа запленети 49 парчиња оружје. За само два дена приведени 320 лица – осомничени се за поседување дрога, оружје, кражби и нарушување на јавниот ред и мир.

Карневалот во Нотинг Хил се одржува секоја година од 1966 година.
Идејата била да ја обедини локалната космополитска заедница и да стави крај на расните конфликти.