Германските медиуми ги пронајдоа петтемина здружени фудбалери на Баерн кои го саботирале и на крајот го избркаа Карло Анчелоти од Минхен. Според нив Италијанецот не можел да ја преживее отворената кавга со Томас Милер, Франк Рибери, Аријен Робен, Џером Боатенг и Матс Хумелс кои уште од крајот на минатата сезона ковале план за нов тренер. Ова го призна и директорот Ули Хенес кој не именуваше, но беше дециден дека и да имало резултати, исходот од оваа мала војна на Алијанц арена ќе бил ист и се ќе завршело со заминување на Италијанецот.