По стотина потписи од граѓани секој час од објавувањето се ставаат на петицијата: „За правда во Македонија. Граѓанска петиција за предлог на Јавен Обвинител на Р.Македонија. Правда за секого! Правичност кон секого!“ж.
Во неа се бара нов државен обвинител да стане Фатиме Фетаи, заедно со Ленче Ристовска, најблизок соработник на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Основачи на петицијата се Орхан Куртишов член и активист на СДСМ и Марија И. Ристова кои што сакаат преку онлајн петицијата да лобираат новата влада во парламентот да ја изберат Фатиме Фетаи за јавен обвинител.
Петицијата се објавува во идеален термин кога започнаа подготовките за смена на досегашниот јавен обвинител Марко Зврлевски а од понеделнникот истече рокот во кој СЈО може да поднесува нови обвиненија.
Доколку се покаже дека петицијата не е лична иницијатива на Куртишов и Ристова туку зад неа стојат партиски структури може да се очекува реакција и од Катица Јанева која досега не покрена ниту една истрага или обвинение против СДСМ.
Доколку Фатиме Фетаи биде избрана за нов републички јавен обвинител според извори во правосудната фела ќе биде понижување за Јанева да биде во тимот на Фетаи и таа најверојатно ќе се врати во гевгелиското јавно обвинителство од каде што дојде во СЈО.