Песната што може да ја насолзи македонската претседателка (ВИДЕО)

Песната ,,Заветна” на браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски која изворно ја пееше Пепи Бафтировски а сега често ја изведува Андријана Јаневска во изборната кампања знаела да предизвика солзи кај претседателката Гордана Сиљановска Давкова.



Во неколку наврати претседателката која важи за цврст и непоколеблив карактер кој не се плаши од ништо, е видно вознемирена од изведбата на оваа песна испеана од Јаневска и други изведувачи.

Тоа се случило и на отворањето на годинешнава летна школа на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид чиј покровител е Силјановска Давкова.

Таму според присутни очевидци претседателката уште еднаш била на граница на солзи слушајќи ги стиховите на браќата Барбаровски пренесени во секогаш емотивната изведба на Јаневска.

Фото: Денис Јагџи

Песната ,,Заветна” која извонредно ја пејат и Бојана Скендеровски и Игор Дурловски важи за неоформална химна на многу од Македонците.

Како Андријана Јаневска и Драган Даутовски на кавал ја донесоа претседателката пред солзи