Селекцијата на Перу го комплетира пакетот на учесници на фудбалскиот мундијал до година. Перуанците утринава на Естадио Насионал во Лима пред 50 илјади гледачи во реваншот го победија Нов Зеланд со 2-0 и со истиот резултат го добија интерконтиненталниот бараж за настап на Светското првенство како петта јужноамериканска селекција. Ова е враќање на пацифичката земја на шампионатите по цели 36 години, по Шпанија во 82 во минатиот век.
https://youtu.be/AtPmhHaDtKw
Откако се комплетира целиот состав кој од 14 јуни до 15 јули следната година ќе игра на терените во Русија, а станува збор за 14 европски претставници, по пет африкански, азиски (со Австралија) и јужно американски, и плус три од Северна и Средна Америка, наскоро ќе се случи жрепката. Таа е предвидена за 1 декември кога во Кремљ ќе бидат составени 8 групи со по четири селекции. Од поодамна е познато дека носители ќе бидат Русија, Германија, Бразил, Португалија, Аргентина, Франција, Полска, и Белгија.