Македонскиот ас Перо Антиќ е првиот човек во рубриката „Човек на денот“ на expres.mk откако со турскиот клуб Фенербахче ја освои третата титула првак на Европа. Екс репрезентативецот на Македонија и екс играч во НБА лигата во кошарка со тоа стана еден од најуспешните европски кошаркари.
Перо Антиќ (р. 29 јули 1982 во Скопје) — македонски професионален кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација. Антиќ е висок 210 см и тежок 110 кг а игра на позицијата центар.
Антиќ почнал да игра кошарка на 11-годишна возраст, заедно со неговиот брат Александар во младинските школи на “КК Работнички“, како и во кадетската и јуниорската репрезентација на Македонија. На возраст од 16 години го направил своето деби во првиот тим на клубот. На 17 години, отишол на колеџ во САД.
Својата професионална кариера, Антиќ ја започнал во “КК Работнички” од Скопје во 1999 година.
Меѓународна кариера
Од 2001 до 2005 година, Антиќ настапувал за „АЕК“ од Атина. Со овој тим во 2001 го освоил Купот на Грција, а во 2002 година, по цели 15 години, клубот станал шампион на Грција). Од 2005 до 2007 година, тој настапувал за „КК Црвена Ѕвезда“ и во 2006 година го освоил Купот на СЦГ. Потоа, кариерата ја продолжил во „КК Лукоил Академик“ од Софија, каде играл од 2007 до 2008 година. Со овој клуб, Антиќ ги освоил купот и шампионатот на Бугарија, а тој и во двете натпреварувања ги освоил сите награди (МВП, најдобар стрелец и најдобар скокач). Така, тој бил најкорисниот играч на сезоната 2007/2008 во Бугарија, каде имал просек од 23,3 поени и доминантни 9,3 скокови по натпревар. Од 2008 до 2010 година, Антиќ играл за „КК Локомотив“ од Ростов на Дон, а во сезоната 2010 година се вратил во „КК Лукoил Академик“ од Софија и со тој клуб пак ги освоил шампионатот и купот на Бугарија, а Антиќ бил прогласен за МВП). Истата година, Антиќ потпишал за „КК Спартак“ од Санкт Петербург и со негова помош, клубот по долги години го освоил Купот на Русија, а Антиќ бил прогласен за МВП.
Во 2011 година, непосредно по освојувањето на четвртото место на Евробаскетот во Литванија, Перо заминал во грчкиот клуб „Олимпијакос“ од Атина. Во 2012 година, со овој клуб, Антиќ го освоил грчкиот шампионат, а постанал и шампион на Европа. Следната година, “Олимпијакос” по втор пат постанал европски шампион. Веднаш по тоа, Антиќ, како слободен играч, потпишал договор со клубот од НБА „Атланта Хокс“, со што постанал првиот Македонец кој заиграл во НБА.[6]
Летото 2015 година, Антиќ ја напуштил екипата на „Атланта“ и потпишал договор со „Фенербахче“. Според истражувањето на американскиот статистичар Марк Поркаро и турскиот новинар Ферсу Јајабејоглу, Антиќ се нашол на 32. место на најплатените кошаркари во Европа, со годишна плата од 1,2 милиони евра.
Во април 2015 година, Антиќ бил уапсен рано наутро во њујоршкиот клуб „1 ОАК“, бидејќи ја попречувал полицијата да изврши увид во инцидентот во кој кошаркарот Крис Коупленд и неговата сопруга биле нападнати и расечени со нож.[5]
Со репрезентацијата на Македонија, на Европското првенство во Литванија, Перо Антиќ го освоил четвртото место. По враќањето во Скопје, заедно со членовите на националниот тим, тој ја добил академската титула „Хонорис кауза“, доделена од страна на Универзитетот „ФОН“.
Извор Википедиа