Единствениот Македонец со НБА искуство и со три титули Европски клупски првак беше на првата прозивка на кошаркарите кои од синоќа се на тренинзи во Борис Трајковски во Скопје. Ние се подготвуваме за мечеви со Косово и Естонија во претквалификации за Светското првенство, а се уште е нејсно дали ќе бидеме во најдобриот состав зошто Перо Антиќ допрва ќе размислува дали ќе прави камбек во репрезентацијата.
“Одлуката за пензионирање е стара и се уште стои, од почит кон селекторот и кон новиот директор Гечевски добро ќе размислам и доколку сум во можност ќе помогнам. Сепак, потребно ми е време за да дискутирам на оваа тема со своето семејство. Конечната одлука најверојатно ќе ја донесам за неколку дена”, вели Антиќ кој имаше сосема пријателска средба со претседателот на МКФ Петар Наумовски откако претходно во неколку наврати се допишуваа и се навредуваа.
Освен членот на Фенербахче неизвесен е и Ѓорѓи Чековски, но како што најави директорот на селекцијата Тодор Гечевски големи се шансите членот на Работнички да се приклучи на подготовките.