Бившиот претседател Стево Пендаровски вчера бил примен од вселенскиот патријарх Вартоломеј.
„За време на нивната средба, тие разговараа за прашања од заеднички интерес.
Поранешниот претседател, кој претходно двапати го посети Фанар за време на неговиот претседателски мандат (во 2021 и 2023 година), беше придружуван од сопругата (Елизабета Ѓоргиевска – н.з.) и синот (Огнен – н.з.).
Претставувајќи ја Црквата-мајка, на средбата присуствуваа и старецот митрополит Халкидонски Емануел и великиот проповедник Аетиј, директор на Приватната патријаршиска канцеларија“, соопшти Вселенската патријаршија.
Пендаровски беше претседател од 2019 до 2024 година, кога загуби во вториот круг од изборите со над двојно помалку гласови од актуелната шефица на македонската држава Гордана Силјановска-Давкова.