Нашето најголемо потфрлање беше што застанавме на половина пат во реализација на клучниот слоган на единствената автентична граѓанска револуција „Нема правда, нема мир“, изјави, меѓу другото, синоќа на изборната конвенција, претседателот Стево Пендаровски и кандидат на СДСМ за уште еден мандат.
„Во оваа смисла не можеме да го вратиме времето, но нужно е да се обврземе на целосен ветинг на сите судии и обвинтиели, но пред се на нас, политичарите.
Сите кои намерно држат предмети во фиока или не можат да докажат како од плата заработиле милиони, треба да бидат разрешени од функциите и треба да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политички функции“, порача Пендаровски.
Пендаровски исто така рече дека го поддржува предлогот на опозицијата за ветинг на функционерите, но предлага да се провери имотот на функцонерите и нивните блиски не само во изминатите пет години, туку од 1990 година до денес.