Битолски Пелистер во Струмица ја победи Шкендија (4-3) по изведувањето пенали и по втор пат во својата историја го освои фудбалскиот куп на Македонија. Во основните 90 минути беше 0-0, а истиот резултат остана и по двете продолженија од по 15 минути, по што решаваа ударите од 11 метри, во кои битолчани беа попрецизни и посреќни.
Во тврдиот меч на стадионот Младост, тетовците имаа посед и привидна доминација, но по бројот на шанси дуелот беше изедначен. Најголемите можности беа тие на Баже Илиевски кој во продолженијата остануваше сам пред противничкиот гол. Напаѓачот на зелените во тие мигови не успеа, но потоа, во петтата серија, го реши пенал рулетот.
Во серијата пред него погодуваа: Петров, Тодоровски и Ковачев за Пелистер и Алими, Радевски и Хасани за Шкендија. За Пелистер ова е втор трофеј во Купот по тој во 2001, година, а Шкендија го загуби третото финале и остана на пехарот од минатата година.
Инаку финалето во Струмица траеше близу три часа за што придонесе и застојот во 55. минута кога навивачите со погрдни скандирања и транспаренти ги принидија официјалните лица да го прекина на дестина минути мечот од кој Пелистер како победник обезбеди настап во квалификациите од Лига Европа.