Двете македонски екипи кои денеска ќе се најдат во жрепката за 4. круг во второто клупско фудбалско натпреварување на континетот без дилема ќе добијат силни противници. Дури со малку „среќа“ во Скопје, тука ќе се играат натпреварите на 17 или 24 август зошто во вторник завршува обврската со Европскиот Супер куп, може да гостуват и големи имиња како Милан, Евертон, Зенит, Фенербахче, Ајакс и други.

Но еве ги сите од групата носители кои за противник добиваат неносители, а меѓу нив, поради лошиот клупски коефициент, се и Вардар и Шкендија.

Зенит, Динамо Киев, Ајакс, Атлетик Билбао, Евертон, Фенербахче, Милан, Олимпик Марсеј, Динамо Загреб, Партизан, ПАОК, Лудогорец, Плзен, Салцбург, Бриж, Краснодар, БАТЕ Борисов, Легија, Макаби, Австрија Виена, Брага и Митјиланд.

И да ни даде некој да бираме, изборот е тежок, пеколен, настрана што тоа ќе го сторат барабаните во Нион во 13 часот.