Албанскиот премиер Еди Рама одржа средба во Солун со Албанците, на која своето обраќање го почна со најавата дека Министерството за образование на Албанија ќе потпише договор со 50 наставници за да ги учат албански јазик децата на Албанците во Грција.
„Сестри и браќа Албанци од Грција, мило ми е што ве гледам овој пат во Солун. Дозволете ми да ве запознаам со некои од нас, кои, како што ветив по незаборавната средба во Атина, ќе ни помогнат да останеме поблиску до вашите деца за изучување на албанскиот јазик. Еве 8 од првите 50 професори по албански јазик со кои Министерството за образование ќе склучи договор за изучување на албанскиот јазик. Како што можете да претпоставите, има 8 жени кои сакам да ги поканам на сцената“, рече Рама пред присутните.