Поранешниот француски репрезентативец е казнет со суспензија од сите натпревари на УЕФА за оваа сезона, а веднаш потоа, некои велат само неколку минути подоцна неговиот клуб Олимпик Марсеј му го раскина договорот. 36 годишниот Евра беше дел од еден немил настан во меч од Лига Европа меѓу Марсеј и Гимараеш кога навивач го навредуваше на расна основа, а Патрис брутално одговори со напад. УЕФА нема чувство за вакви непромислени потези и драконски казнува. 10 илјади евра што екс членот на Манчестер јунајтед треба да ги плати се најмалата работа.

https://youtu.be/G6Ee-jeKJC8