Милчин: Патот во Виена е доказ дека Груевски организирал насилство

Тој вели дека Ѓорге Иванов не му го доделува мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, затоа што претседателот е под контрола на Груевски и истакнува дека тој манипулира и го развлекува времето, што само доведе до кулминација на насилството.- Тогаш почнаа уличните протести на таканареченото движење „За заедничка Македонија“, на кои можеа да се слушнат повици за „чиста Македонија“. Сето тоа го следеа провокации на злоупотребени маскирани тинејџери, кои истакнатите критичари на Груевски ги пресретнуваа пред нивните домови и по улиците и ги нарекуваа предавници, соросоиди и одродени, односно продадени души. И јас бев нападнат – вели Милчин.

Тој вели дека на сцена е предсмртен крик на врхушката која не ја испушта власта од раце, дури и по цена да предизвика меѓуетнички судир, граѓанска војна и распаѓање на Македонија.

На прашањето, затоа што Груевски беше во Виена на 27 април, дали тоа можеби е доказ дека не е вмешан во насилството во Собрание, Милчин вели:

– Напротив, тоа е доказ дека е повеќе од вмешан. Тој е налогодавач. Тоа не е прв пат Груевски да е надвор од земјата кога таа е соочена со криза која тој ја предизвикал. Неговата тактика е налик на тактиката на Понтиј Пилат – неограничена власт и никаква одговорност. Груевски е лицемер без конкуренција во македонската политика – вели Милчин во интервју за Пешчаник.