Најумешните извршители годишно годишно заработуваат по дестици, па и и по стотици илјади евра, пишува порталот „Пари“.
Анализата на „Пари“ во однос на најприходните извршители покажува дека првите 10 од вкупно 93 извршители лани направиле заеднички приход од над три милиони евра.
Првите 10 извршители, во просек, наплатиле за своето работење во текот на 2023 година по 300.000 евра.
Сите четири први позиции ги држат жени, што значи дека тие добиле повеќе работа за извршување.
Најголем приход од над 360.000 евра за 2023 година има извршителката Катерина Кокина, пишува „Пари“.
Првите две на листата од 10 најуспешни, Катерина Кокина и Весна Деловска, (која лани беше избрана и за претседателка на Комората на извршители), практично секој ден (бил работен, или неработен) од предметите наплатувале по безмалку 1.000 евра.
Целата колумна прочитајте ја тука