Неодамна спроведена анкета за перцепциите и ставовите на граѓаните и домаќинствата за инфлацијата во Македонија покажува дека „вината за растот на инфлацијата граѓаните ја лоцираат првенствено кај Владата, а потоа се глoбалните предизвици и приватниот сектор, односно производителите и маркетите“, објави порталот „Пари.мк“
Инфлацијата сѐ уште тешка за менаџирање, а проблематиката е повеќеслојна.
Според Владата, нивото на инфлацијата во последните месец-два се смирува и е на ниво на 3 отсто. Оттаму истакнуваат дека нивото треба да биде уште пониско, со можност да премине во дефлација, наместо да имаме инфлација.
Од Владата сметаат дека цените на прехранбените производи треба да бидат пониски и апелира до трговците максимално колку што можат да ги намалат маржите.