Пандов: Над половина од затворските чувари се корумпирани

Вкоренетиот криминал во македонските затвори е вистинската причина за неконтролираниот прилив на мобилни телефони, дрога и други забранети предмети, изјави дректорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов.

„Имаме работа со вмрежена структура од вработени и затвореници. Ако не се справиме со корумпираните поединци, проблемот со телефоните и дрогата нема никогаш да го решиме“, рече Пандов на денешната прес-конференција во Владата.

Според неговите проценки, во некои затвори повеќе од половина од вработените се вклучени во коруптивни активности, а токму тоа е главната причина што недозволени предмети секојдневно завршуваат во рацете на осудени лица.

Директорот Пандов ги спореди македонските затвори со затворските системи во регионот, нагласувајќи дека во текот на девет месеци во македонските установи биле откриени околу 1.000 мобилни телефони, додека во Хрватска во цела 2023 година биле пронајдени само 26.