Палчо ќе го испрашува Манев на судењето за убиствата на Вања и Панче

Со соочување на првообвинетиот Љупчо Палевски со второобвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска продолжува судењето во Основниот Кривичен суд Скопје.

Се очекува тензична атмосфера во судницата со оглед на тоа што Палчо ќе го испрашува Манев кој, пак, на последното рочиште призна сè и директно го посочи Палевски како убиец на двете жртви.

Манев откри нови, непознати моменти од страшното злосторство врз детето Вања.

Рече дека Вања ја грабнале по грешка, а требало да грабнат жена на околу 40-годишна возраст, ќерка на некој бизнисмен, што живее во зградата.

Откри и дека на кобниот 27 ноември 2023 година им бил трет, а не втор обид за грабнување на таа жена од влезот.

Тој раскажа дека не очекувал дека ќе има убиства, само грабнувања и дека Палевски му ветил 150.000 евра. По убиството на Панче не се откажал од грабнувањето на жената, затоа што Палевски му се заканил дека ќе го убие и него и неговата фамилија.

Најтешките моменти од сведочењето на Манев беа кога раскажа како го замолил Палчо да не го убива девојчето

Палевски за време на судењето негира дека е вмешан и тврди дека полицијата и Обвинителството политички го местат.

Палевски не се препознавал себеси во снимките од домот на Велибор Манев