Палчо вечерва ќе биде донесен во Скопје

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на малата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, вечерва ќе биде донесен во Македонија, објави порталот 24инфо.
Според информациите, Палевски вечерва треба да слета на скопскиот аеродром по што директно ќе биде спроведен во Истражниот затвор Скопје.