Италијанскиот тим побарал од ФФМ и од нашиот селектор Игор Ангеловски двоецот кој игра на Сицилија да не биде повикан за пријателската средба со Норвешка на 11 ноември. Палермо кој моментно е трет во Серија Б и се бори за пласман во првата Калчо дивизија сака да располага во Александар Трајковски и Илија Несторовски, и што е побитно да ги има концентрирани на средбите со Кремонезе на 12 следниот месец, па и со Цитадела потоа.

Екипата предводена од Бруно Тедино направила анализа според која кога напаѓачите играат за Македонија не играат ништо за палермо. Така Несторовски нема гол за нашата селекција подолго, но до пред два дена кога му даде два на Карпи имал пауза од четири меча без гол, што го смести и на клупа иако тој е капитен на тимот. Трајковски пак, беска за нашиот национален тим и има три гола во последните три натпревара, но на секој камбек во Италиај е во лоша форма, велата од Палермо.