Палевски обвини дека Оливер Спасовски „сместил процес“ против него

Првообвинетиот Љупчо Палевски го обвини поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски дека е организатор на целиот процес против него. Палевски го обвини и Јавното обвинителство дека не се потрудило да го утврди времето на смртта на Жежовски со цел да манипулира со времето на настаните, пренесе Плусинфо.

Одговарајќи на прашања на неговиот адвокат, на денешното рочиште тој ги неведе  мотивите за, како што кажа, неговата морална ликвидација од страна на тогашната власт.

„Ако тргнеме наназад, регистрирав партија и бев избран за нејзин претседател. Дваесет години се занимавам со политика, претходно градев згради. Она што е во интерес на процесот и ќе го објаснам, е што во ноември бевме конфронтирани со тогашната актуелна влада и политичките процеси што се одвиваа тоа време.

Тогаш организирав собирање потписи за референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија за да се изјасни народот за ова.

Сметав и сè уште сметам дека прашања за историјата и идентитет не смеат да бидат одлука на еден политички субјект туку за нив треба да се изјасни народот. Во Собранието комисијата која одлучува за такви прашања иницијативата беше одбиена од тривијална причина затоа што името на договорот било погрешно напишано”,рече Палевски, пренесе 360 степени.

Тој ги наброја поткастите што ги водел тие денови, а дека во серијал на еден од поткастите биле објавени документи за ирански државјанин кој преку банки во Македонија вршел набавка на ирански дронови „шахед“.

Објавил само неколку документи оти другите доцнеле. Тоа било причината еден поткаст да биде одложен и наместо на 26 ноември во 21 часот, се емитувал на 28 ноември во истиот термин, наведените денови.

На прашање на Страшевски дали се чувствува како монструм и убиец како што бил опишан од МВР и Обвинителството на првите прес-конференции, Палевски рече ниту едното ниту другото.

„Шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски, и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се директно одговорни за перењето пари во Македонија. Токму тој криминал е доволна причина да се изврши морален атентат на еден човек”, рече Палевски пренесе 360 степени.

Ќе биде распишана меѓународна потерница по убиецот на Вања